Реакциите од мечот на деценија меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор уште не стивнуваат. Хабиб уште еднаш ја потврди непобедливоста и стигна до 27-мата победа во низа, а Мекгрегор го претрпе четвртиот пораз. За тоа колкаво е нетрпението меѓу овие двајца борци, се покажа и по завршување на борбата.
Дагестанецот скокна преку рингот и почна да се тепа со дел од членовите кои беа во тимот на Мекгрегор. И Ирецот не остана покусо, па удри еден од членовите во таборот на Хабиб и се случи хаос. Со тој инцидент, нетрпеливоста кај најголемите ривали само се зголеми.
А не било секогаш вака. Само пред четири години, Хабиб и Конор биле пријатели кои дури и заедно тренирале. На социјалните мрежи се појави фотографија постирана од Нурмагомедов на која двајцата борци се прегрнати.
With CONOR McGREGOR after his unbelievable victory in UFC 178. Опасный пацан. http://t.co/Fu4Qho7t6x pic.twitter.com/9H2Op52qFK
— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) September 28, 2014