Хабиб има три желби и потоа би се повлекол

Русинот Хабиб Нурмагомедов посакува борби со ѕвездите на УФЦ, Жорж Сан Пјер и Тони Фергусон, како и со боксерот Флојд Мејведер, а потоа би ја завршил кариерата во боречките спортови.

Нурмагомедов не знае за пораз во кариерата, најмногу се прослави со победата над Конор Мекгрегор, но пред да го напушти „кафезот“, би сакал борби со уште три суперѕвезди, од кои две во неговиот спорт, а еден во боксот.

На Нурмагомедов не му е предизвик можен реванш со Ирецот Мекгрегор, бидејќи покажал дека е многу подобар од него, но смета дека ако ги победи Сан Пјер, Фергусон и Мејведер, ќе биде најдобар спортист од боречките спортови на сите времиња.

„Сан Пјер е одличен борец и малку е поголем и потежок од мене, но не му ги знам плановите. За мене, тој е најдобриот во УФЦ, човекот е шампион и во кафезот и надвор од него“, порача Нурмагомедов.

Мејведер нема пораз, но тој наскоро полни 42 години и веќе е во пензија, освен ако не се премисли. Против Мејведер би му било и најтешко на Хабиб, бидејќи во боксот се други правила, нема удари со нозе и борење, што е негова посилна страна.

- Оглас -

Најнови вести