-1.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Хабиб лут на челниците на Реал: Го молеа Чаби да дојде, а сега го избркаа поради размазени деца

Легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов е познат како голем љубител на фудбалот, па едноставно не остана имун, а да не ја искоментира одлуката на Реал Мадрид да го отпушти тренерот Чаби Алонсо.

Хабиб даде целосна поддршка за тренерот и смета дека воопшто не била добра одлуката на челниците на Реал да го избркаат тренерот кого го доведоа само пред неколку месеци.

„Не постои ништо поважно од лојалноста. Пред година дена го молеа Чаби Алонсо да дојде во Мадрид, а сега го избркаа поради размазени деца“, вели Хабиб во својата реакција.

Дагестанскиот бестрашен борец секако мислеше на односот на ѕвездите на Реал кон тренерот Алонсо. Јавна тајна беше дека стратегот едноставно не успеа да воспостави контрола над „соблекувалната“ и тоа што го прават фудбалерите.

На местото на Алонсо, Реал како привремено решение го назначи Алваро Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести