Хабиб Нурмагомедов е идеален кандидат за претседател на Дагестан

Светскиот шампион во ултимејт фајт во лесна категорија Хабиб Нурмагмедов би бил идеален кандидат за претседател на руската република Дагестан. Ова беше кажано во политичка анализа на една дагестанска телевизија врз основа на податоци врзани за политичката ситуација таму.

„Клучните квалитети за предводник на Дагестан во овој момент се да се најде некој со авторитет, кој ќе го гарантира спроведувањето на законите, ќе креира стабилност во регионот и, што е најважно, ќе работи со млади луѓе. Од таа гледна точка, интетресно би било да се обрати внимание на кандидатура на Хабиб Нурмагомедов, кој несомнено ги има квалитетите од типот на препознатливост во регионот и пошироко, неспорни лидерски квалитети, почитување на договорите и правилата и пет години придонесува за развој на економијата кај луѓе во регионот“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести