Славниот руски УФЦ шампион, Хабиб Нурмагомедов, кој кариерата ја заврши без пораз, се наоѓа во Дубаи и ја искористи приликата да го посети спортскиот комплекс со тениски терени каде што во моментов тренираат Новак Ѓоковиќ и Калин Ивановски.
Хабиб објави неколку фотографии, а главна е онаа на која се тој и најдобриот тенисер на сите времиња.
И за Дагестанецот нема дилеми, Ѓоковиќ е најдобар во историјата.

Интересно е дека на другата фотографија која ја објави Нурмагомедов, и е групна, се наоѓа и најдобриот македонски тенисер Ивановски, кој со скрстени раце е застанат зад клекнатиот Хабиб.


