Рускиот фајтер Хабиб Нурмагомедов нема да му дозволи реванш на Конор Мекгрегор. Според планот на Хабиб, следната борба треба да му биде против Тони Фергусон, а потоа актуелниот шампион планира да се пензионира. Ова го откри вујкото на Хабиб, кој потенцираше дека за реванш против Мекгрегор биле понудени 15 милиони долари.
„Хабиб за никакви пари нема да се бори. Му беа понудени 15 милиони долари, но тој ги одби. Конор може да застане во ред позади останатите. Борбата против Фергусон планираме да биде во април или мај следната година, а потоа планот е Хабиб да стави крај на кариерата“, откри Алекс Нурмагомедов, вујко на Хабиб.
Во борбата на деценијата Хабиб со технички нокаут во четвртата рунда го победи Мекгрегор и ја продолжи перфектната низа од 27 победи во исто толку мечеви.