Прославениот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов откри дека е голем љубител на фудбалот, а од неодамна започна и активно да тренира. Хабиб се појави и на еден хуманитарен меч на кој играше и легендарниот Кларенс Сидорф. Некогашниот холандски ас беше воодушевен од голот што го постигна Нурмагомедов.
На последниот клип кој го постираше на својот инстаграм-профил, Хабиб се пошегува дека тренира за да стане професионален фудбалер.
„Се подготвувам за дебитантски настап во фудбалот. Слободен играч сум и чекам понуди“, порача Хабиб.
View this post on Instagram