Хабиб се врати во Дагестан, го пречекаа со државни почести (Видео)

Борецот Хабиб Нурмагомедов се врати во Махачкала три дена по големата победа над Џастин Гетџи во битката за титула во лесна категорија, со што Русинот како непоразен ја заврши кариерата во Ултимејт фајт, а во главниот град на Дагестан беше пречекан како личност од големо значење.

Популарниот Хабиб беше пречекан од министерот за физичка култура и спорт на Дагестан, а потоа имаше кратко обраќање во кое кажа дека е горд и среќен за тоа што го има направено и дека му дошло време да се врати дома.

https://www.youtube.com/watch?v=VODOL_-ZtLY&feature=emb_logo

- Оглас -

Најнови вести