Хабиб сепак има еден пораз, а има и снимка од борбата (Видео)

Хабиб Нурмагомедов остави длабока трага во боречките спортови откако стигна до 29 победи во 29 меча во професионалната кариера, а потоа реши дека е време да се повлече. Дагестанецот во неделата го победи Џастин Гајџи и ја потврди шампионската титула во лесна категорија во УФЦ. По тој меч, Хабиб со плачење најави дека повеќе нема да се бори.

Иако цело време се зборува за непобедливоста на Хабиб, постои една снимка од борба кога Дагестанецот имал само 17 години и го доживеал можеби и единствениот пораз во кариерата. Тоа се случило во 2005 година, кога Чеченецот Ибрагим Могамедов во вештината самба го по победил Хабиб. Тоа се случило во финалето на руското првенство во категоријата до 68 килограми.

Хабиб имал само 17 години, додека неговиот противник бил три години постар. По завршување на борбата кога Нурмагомедов дознал дека загубил, паднал на колена и почнал да плаче. Од тој момент, Хабиб не загубил борба, а немаше заплакано во рингот сè до последната победа над Гејџи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести