20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Хабиб си замина, нов Нурмагомедов сее страв во УФЦ (Видео)

Легендата на Ултимејт фајт борбите Хабиб Нурмагомедов си замина во пензија како еден од најдобрите борци на сите времиња, а во октагонот веќе има нов опасен фајтер со исто презиме и од истото семејство кој сее страв во УФЦ.

Умар Нурмагомедов е роднина на Хабиб и негов наследник, а ноќеска на брутален начин го нокаутира Раони Барселос од Бразил.

Противникот не е наивен и никогаш досега не бил нокаутиран, но налета на Умар и доживеа тежок пораз.

https://twitter.com/MMAnomaly/status/1614417517166100480?s=20&t=I5raiU7-MoOiPQsMtd60ag

Умар Нурмагомедов има 26 години и го нокаутира Бразилецот во финишот на првата рунда на брутален начин.

Сега има вкупно 16 победи во кариерата, четири во УФЦ, а целта му е да стане светскипрвак во бантам категорија.

- Оглас -

Најнови вести