Хабиб: Волкановски е прекрасен човек и шампион со големо срце

Славниот руски борец, Хабиб Нурмагомедов, кој кариерата ја заврши како непоразен УФЦ шампион во лесна категорија, преку социјалните мрежи упати пофални зборови за Александар Волкановски.

Австралиецот со македонско потекло загуби во битката за титула во лесна категорија од Ислам Махачев, а на Хабиб, чиј сонародник е Махачев, мило му е што победи неговиот пулен, кому му помагаше во подготовките пред борбата, но покажа и голема почит кон Волкановски, кој само на 20 дена пред борбата прифати да влезе во октагон откако неочувано доби шанса да се бори против Махачев на местото на Чарлс Оливеира.

„Имам голема почит кон Алекс, му посакувам само најдобро. Тој е прекрасна личност и шампион со големо срце“, напиша Хабиб.

- Оглас -

Најнови вести