Рускиот тенисер Карен Хачанов даде духовит одговор на прашањето како мисли дека Стефанос Циципас би можело да го изненади Новак Ѓоковиќ во финалето на Отвореното првенство на Австралија.
Србинот е голем фаворит за победа во големото финале и за враќање на првото место на АТП-листата.
„Можеби Циципас треба да му се јави на Медведев. Медо е единствен играч од нашата генерација кој добил гренслем-финале против Новак. Ете тоа е мојот совет до Циципас, пренесете му“, рече Хачанов со насмевка на лицето.