Њукасл со 2-0 го совлада Хадерсфилд, додека во другиот премиерлигашки меч од 16 часот, Борнмут и Вулверхемптон одиграа драматични 1-1.
Ова е петти пораз по ред за Хадерсфилд, кој заедно со Евертон и Лестер се лидери во Премиерлигата по една негативна статистичка категорија, бројот на црвени картони сезонава (имаат по 4 исклучувања). Денеска Хадерсфилд уште во 20 минута остана со играч помалку, а Њукасл во првите минути од второто полувреме го скрши отпорот на гостите. „Чавките“ имаа вистинска опсада на голот на гостите, шутнаа дури 30 пати, па треба и да бидат незадоволни што само двапати ја погодиоја целта.
Хадерсфилд со 20 порази и само 14 постигнати голови, е најслабиот тим во Топ 5 лигите во Европа, во кои има вкупно 98 екипи. На Њукасл, победата добро му дојде во битката за опстанок.
Борнмут од 8 декември нема загубено на свој терен, а убавата серија ја продолжи и против Вулверхемптон, но домашните мораа да се задоволат само со бод, откако „волците“ изедначија во 83 минута од пенал. Во 85 минута, беше досуден спорен пенал (фаулот беше надвор од 15-никот) и за Борнмут, но имаше правда, и Џошуа Кинг ја погоди само стативата од голот. Инаку, во првото полувреме, кога се досуди чист пенал, Кинг успеа да погоди од белата точка за водство од 1-0.