Хаџи не памети кога примил шест гола

Легендата на романскиот фудбал Георге Хаџи имаше кошмарна ноќ во Белгија, а неговиот клуб Виторул Констанца прими дури шест гола од Гент во поразот од 6:3 во меч од квалификациите за Лигата на Европа.

Романскиот тим и Хаџи како негов предводник од клупата беше пред вистински дебакл бидејќи Гент имаше предност и од 6:1, но со головите на Тиру сепак ќе го чекаат реваншот со три негатива.

Хаџи е еден од најпознатите европски фудбалери и еден од ретките што играше за двата шпански гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Од 2014 година е шеф на стручниот штаб на Виторул, екипа со која стана и шампион на Романија во сезоната 2016/17 година.

- Оглас -

Најнови вести