Ѓоко Хаџиевски веќе не е спортски директор на Вардар и од денеска е нов тренер на второлигашот од Саудиска Арабија, Хаџер.
Хаџиевски е повратник во клубот, бидејќи седеше на клупата како тренер и пред две сезони. Тој вчера беше на прес-конференцијата на Вардар, а веќе денеска потпиша со Хаџер до крајот на сезонава. До пристигнувањето на Хаџиевски во Саудиска Арабија, тимот ќе го боди неговиот помошник Абдула Ал Џануби.