Фудбалерите на Борусија Дортмунд прокоцкаа предност од два гола против новиот бундеслигаш Хајденхајм во првиот меч од третото коло играјќи 2:2. Ова се први бодови кои Ханденхајм ги освоил во Бундеслигата во својата историја бидејќи за првпат игра во најсилната германска лига.
Милионерите кои слабо ја започнаа сезоната и на првите два меча постигнаа по еден гол, вечерва по првото полувреме водеа со 2:0 благодарение на головите на Јулијан Брандт во седмата и на Емре Џан во 15-та минута. Головите на Борусија може да ги видите на овој ЛИНК и на овој ЛИНК.
Но, во вториот дел, кога домашните фанови очекуваа нивните миленици да ја потврдат победата, гостите успеаја да постигнат два гола. Прво Динкчи од пенал во 61-та минута намали на 2:1, а Клајндинст во 82-та минута израмни на 2:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен. Головите на гостите може да ги погледнете ТУКА и ТУКА.