Хајденхајм со гол во 95-тата минута обезбеди опстанок во Бундеслигата

Хајденхајм и следната сезона ќе биде член на Бундеслигата. Германскиот прволигаш го задржа статусот откако излезе како победник во двомечот против Елверсберг. Беше драматично, а херој беше Лео Сциенца, кој постигна гол за победа од 1-2 во 95-тата минута од мечот.

Двете екипи се подготвуваа за продолженија, со оглед дека резултатот беше 1-1, а првиот меч на теренот на Хајденхајм заврши 2-2, но Сциенца беше побрз од последниот свиреж и успеа да постигне златен гол за гостинскиот тим.

Претходно, Хајденхајм поведе со голот на Матијас Хонсак во деветтата минута, а израмни Робин Фелхауер во 31-вата минута од средбата.

- Оглас -

Најнови вести