Хајдук бара божја помош за излез од кризата

Хајдук е во голема криза, нанижа три порази по ред и смени неколку раководства во последните години, па сега се бара и божја помош за пресврт на хрватскиот гигант и еден од најголеми клубови на Балканот.

Претседателот Лукша Јакобушиќ по празот од Горица на „Пољуд“ со 2:4, беше поканет на разговор од сплитско-далматинскиот надбискуп Марин Баришиќ.

Во фокусот, како што пренесуваат хравтските медиуми, бил токму Хајдук и неговите лоши резултати во последно време.

Некогашниот член на големата четворка на југословенскиот фудбал има 9 титули во поранешната држава и шест во самостојна Хрватска, но последната е освоена пред 15 години.

Оттогаш Хајдук е во потполна сенка на најголемиот ривал Динамо Загреб, клуб кој од таа 2005 година апсолутно доминира во ХНЛ и освои 13 шампионски круни во последните 14 изданија на хрватското првенство, а има вкупно 21 шампионски пехар.

Титули покрај Динамо и Хајдук, во самостојна Хрватска освојуваа само уште Риека и Загреб по една.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести