32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Хајдук доаѓа во Скопје без вториот најскап играч

Хајдук ќе пристигне во Скопје на мегдан кај Ренова без вториот најскап играч од актуелниот состав Ардијан Исмајли. Стоперот на сплитските Били непосредно пред дуелот од второто квалификациско коло за настап во Лигата на Европа си замина и потпиша за италијанската Специја.

Исмајли според „Трансфермаркет“, е вториот најскап играч на Хајдук, а трансферот во Специја чини 2,5 милиони евра. Според познатиот интернет-сајт, што најчесто ја објавува проценетата вредност на играчите на сите континенти, во моментов најскап фудбалер на Хајдук е Мијо Цакташ, кој игра на позиција офанзивен играч од средниот ред.

Зад него е левото крило од Бразил, Жаиро Да Силва со проценка на „Трансфермаркет“ дека во моментов неговата пазарна вредност е 1,6 милиони евра.

Интересно е што според познатиот интернет-сајт, ниту еден играч на Ренова не „тежи“ повеќе од 200 илјади евра.

Мечот ќе се игра во четврток, од 15.30 часот, без присуство на публика на теренот „Петар Милошевски“ во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести