Мегадербито во Хрватска му припадна на Хајдук, а на крајот имаше и тепачка (ВИДЕО)

Хајдук доживеа вистинска ренесанса со доаѓањето на новиот тренер Владас Дамбраускас.

Тие денеска го победија Динамо Загреб, и тоа на „Максимир“ со 2:0, а стрелци на головите беа Марко Ливаја и Емир Сахити за голема радост на тимот од Сплит.

Хајдук се надева дека ќе ја урне империјата на Динамо, а се чини дека никогаш не бил полиску во поновата историја.

Сепак, по крајот на средбата, како што му доликува на големо балканско дерби, следуваше општа хаварија на теренот.

Сето тоа започна откако еден од играчите на Динамо се нафрли на резервист на Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести