Хајдук и Селтик се сигурици, на останатите три меча гостите се фаворити

3143 Хајдук – Славен Белупо (21 ч.)

Секој почеток на нова сезона е посебна фешта за Хајдук кој се надева дека конечно оваа сезона може да стигне до титулата. Противник по мерка имаат за старт со победа и три бода на „Пољуд“, па се очекува радост на домашните фанови.

Седум победи по ред има Хајдук против Славен Белупо, а интересно е дека во сите овие седум победи немаат примено ниту еден гол, што значи дека може да се одигра и на Сигурна победа.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.18)

 

4209 Унион Санта Фе – Ривер плејт (20 ч.)

Дерби на колото во аргентинското првенство. Унион Санта Фе игра одлично и по осум кола моментно е на второто место на табелата со 17 бодови, додека Ривер е дури на 10 место со 13 бодови. Сепак, гостите ја имаат улогата на фаворити.

Во последните седум меѓусебни дуели, Ривер има пет победи, а Унион се радувал два пати. Може да се очекува возбудлив дуел без многу калкулации, а тоа најчесто носи и голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

1906 Рапид Виена – Штурм (17 ч.)

Во минатата сезона овие два тима одиграа дури пет меча и на четири беше со гол-гол комбинации. Шампионот Штурм победи три пати, вклучувајќи го и финалето во Купот, а два дуели завршија нерешено.

Рапид е во добар натпреварувачки ритам и даде вкупно 10 гола во трите меча што го одигра (два во квалификациите од Лигата на Европа и еден од Купот на Австрија) и повторно може да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.10)

 

2805 Лингби – Брондби (18 ч.)

Брондби само за еден бод не стана првак на Данска, па јасно е зошто гостите се фаворити на овој меч. Офанзивна игра негува Брондби, а на пет од последните осум пресметки против Лингби, постигнува барем по три погодоци.

Домаќините кои реално имаат помалку квалитетен состав ќе се обидат да изненадат и да останат непоразени.

Предлог тип: T2 1-2 I & T2 1-2 II (3.00)

 

1245 Селтик – Килманрок (17:30 ч.)

Започнаа возбудувањата и во првенството на Шкотска, а шампионот Селтик со голема самодоверба тргнува во одбрана на круната. Во подготвителниот период Селтик ги победи англиските гиганти Челзи (4:1) и Манчестер сити (4:3), што само покажува дека во одличен голгетерски ритам се наоѓа овој тим.

Килманрок е елиминиран во квалификациите од Лигата на Европа, откако не можеше да парира на Серкл Бриж од Белгија. Селтик е многу посилен тим од Серкл Бриж и јасно е дека триумфот на домаќините тука не е загрозен.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести