10.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Хајдук ќе побара од Трајковски да се согласи на раскин на договорот

Хрватските медиуми тврдат дека сплитски Хајдук, после разочарувачката сезона во која имаа големи амбиции, летово ќе се разделат со голем број фудбалери, а на „црната листа“ на играчи на кои не сметаат е и Александар Трајковски.

Македонскиот репрезентативец има дадено еден гол на десет меча (само двапати беше стартер, игра во просек по 34 минути по меч), па Хајдук ќе се обиде да му го раскине договорот, како и на уште двајца играчи.

Ќе си одат и играчи на кои им истекуваат договорите и играчи кои се позајмени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести