2.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Хајдук мака мачеше за победа над Динамо Тирана, Партизан веќе е елиминиран

Фудбалерите на сплитскиот Хајдук ја оправдаа фаворитската улога и го победија Динамо од Тирана, но тоа го сторија многу потешко од очекуваното, со пресврт и со минимални 2-1.

Гостите од Албанија дојдоа во водство во 37-мата минута преку Брегу, а Хајдук направи пресврт во вториот дел со головите на Дурдов во 49-тата и на Санјанг во 63-тата минута.

За разлика од Хајдук, белградскиот Партизан загуби со 0-2 од шкотскиот Хибернијан и речиси остана без шанси за пласман во плејофот од Конференциската лига. Белградските „црно-бели“ беа фаворити во пресрет на овој натпревар, но тоа не успеаја да го покажат и на теренот.

Најубедливата победа вечерва ја забележа екипа од овие простори, словенечкиот Цеље, кој неочекувано со 0-5 победи на гостувањето кај Лугано, екипа за која настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести