Хајдук може да му помогне на Динамо да биде првак, Арсенал стравува и за второто место

1007 Арсенал – Њукасл (17:30 ч.)

Арсенал не само што не успеа во трката за титулата, сега Топчиите може да го загубат и второто место, доколку загубат дома од Њукасл. Топчиите сезонава имаат само два порази на свој терен, но сега влегоа во лоша низа и во последните три кола освоија само два бода.

Резултатите од последните пет меча на овие два тима велат дека Њукасл има дури четири победи, а Арсенал се радувал само еднаш.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.96)

 

3145 Хајдук – Риека (18:45 ч.)

Катастрофална е формата на Хајдук кој нема победа на последните шест меча во првенството и освои само три бода. Токму поради овие очајни резултати, Хајдук остана само со теоретски шанси за титулата.

Неверојатна е доминацијата на Риека во последните 10 средби со овој ривал. Риека има седум победи, два пати било нерешено, а Хајдук се радувал само еднаш.

Ако се случи Хајдук да победи, тогаш ќе направи услуга и на Динамо Загреб кој моментално е лидер на табелата.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.08)

 

3006 Јувентус – Удинезе (20:45 ч.)

Јувентус е во жестока битка за обезбедување на позиција која води во Лига на шампиони за следна сезона. Удинезе нема никакви натпреварувачки мотиви за игра. Пет победи на Јувентус и еден триумф на Удинезе е билансот во последните шест средби на овие два тима.

Во сите тие шест средби било НГ, односно тимот кој губел не постигнува гол. Пет од тие шест дуели се со максимум два гола.

Предлог тип: 1-1&0-3 (3.00)

 

1302 Валенсија – Атлетик Билбао (19 ч.)

Валенсија теоретски има шанси да се бори за излез во Европа. Атлетик Билбао на одличен начин ја завршува сезоната затоа што го осигура пласманот во Лига на шампиони за следната сезона.

Атлетик Билбао ја има најдобрата одбрана и сезонава прими само 26 голови. Гостите ќе бидат релаксирани и ова е шанса за Валенсија да се радува.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

2805 Рандерс – Копенхаген (18 ч.)

Влогот од овој меч е многу поголем за Копенхаген. Тоа е тимот кој е лидер на табелата, но има само еден бод пред Мидтјеланд и доколку сега киксне на гости кај Рандерс, можно е Копенхаген дури и титулата да ја загуби.

Копенхаген сезоната игра многу отворено со погодоци на двете страни. Сезонава во просек има по речиси три погодоци на дуелите на Копенхаген. Кога се работи за мешусебните пресметки, Копенхаген има пет победи и едно реми во последните шест пресметки со Рандерс.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести