Хајдук продолжува да ги пробива границите, над 20.000 членови за помалку од три дена!

Лидерот во хрватското првенство, сплитскиот Хајдук, продолжува да ги руши сопствените рекорди кога се работи за бројот на членови. За помалку од три дена во новата година, сплитските „бели“ успеаја да продадат над 20.000 членски карти и да заработат речиси 400.000 евра.

Минатата година беше рекордна за Хајдук, со оглед на тоа дека беше пробиена границата од 100.000 членови. Се чини дека оваа сезона таа бројка ќе биде стигната многу побрзо и клубот повторно ќе постави рекорд.

Хајдук е раководен од навивачите и според пласманот на табелата, одлично им оди. Членарината не значи и сезонски билет, туку можност за приоритетно купување на сезонски или поединечен билет, попусти во фан-шопот и други поволности.

Бројот на членови и заработката од продадените членски карти од Хајдук јавно ја објавуваат на својот веб-сајт и таа може да се следи во реално време.

- Оглас -

Најнови вести