Хајдук славеше во Загреб во најголемото хрватско дерби (Видео)

Со убавиот гол на Марко Ливаја во 70-тата минута од мечот на „Максимир“ во Загреб, Хајдук го победи Динамо со 1-0 во најголемото дерби на хрватскиот фудбал. Голот на Ливаја погледнете го ТУКА.

Стефан Ристовски одигра 98 минути за Динамо и доби жолт картон, а Аријан Адеми беше меѓу стартерите на Модрите, но беше повлечен од игра во 59-та минута. Повредениот Александар Трајковски го немаше во составот на тренерот Џенаро Гатузо.

Инаку, средбата се одигра пред полни трибини и двете навивачки групи имаа свои кореографии и пиротехнички шоуа со кои го збогатија дербито кое траеше повеќе од два часа, и по кое Хајдук го презеде првото место на табелата по шест одиграни кола.

- Оглас -

Најнови вести