Хајдук треба да биде пример за Вардар: 33.000 навивачи на „Пољуд“ на првиот меч на домашен терен сезонава

Фудбалерите на Хајдук минимално со 1:0 ја победија Риека во дербито на Јадранот, во рамките од второто коло на хрватското првенство. Голот доволен за победа на домашниот тим беше постигнат на почетокот на второто полувреме за радост на речиси 33.000 навивачи.

Според официјалните податоци, на стадионот „Пољуд“ имало 32.584 навивачи, што значи дека безмалку капацитетот бил исполнет. Пред почетокот на сезоната, Хајдук направи акција во која бараше навивачите да купат сезонски билет кој изнесува 20 евра. Повеќе од 84.000 сезонски членски се продадени, а за тоа како се сака клубот, навивачите покажаа со исполнување на трибините на дуелот против Риека. Хајдук нема титула во хрватското првенство цели 18 години, односно од 2005 година.

Слична иницијатива за купување годишни членски билети летово направи и најтрофејниот македонски куб Вардар. Целта е Вардар да продаде 33.000 сезонски билети по цена од 1.000 денари (16.5 евра). Колку за споредба, целта на Хајдук е да продаде 112.000 сезонски членски карти и хрватскиот тим е многу блиску до остварување на оваа цел, која е три и пол пати поголема од целта на Вардар.

Вардар има дури и сличен распоред како Хајдук сезонава. Црвено-црните во првото коло ќе гостуваат (кај Брера во Струмица), а потоа во второто коло на домашен терен ќе игра против градскиот ривал Шкупи, што е одлична шанса вардаровите навивачи да дојдат на стадион и да го поздрават својот омилен клуб кој по две години помминати во Втора лига, повторно се враќа во елитното друштво.

 

- Оглас -

Најнови вести