Мигел Бризуела постигна прекрасен гол со петица за Велес Сарсфилд против Алдосиви и барем за момент ги тргна грижите што ги има на суд, а не се наивни во неговиот случај.
Aldosivi 0-1 Vélez Sársfield – Miguel Brizuela backheel 40′ from soccer
Бризуела е стопер, кој доби шанса да игра пред 3 години под команда на легендарниот Габриел Хајнце, но во 2021 година направи глупост што може да му ја загрози, па и да му ја запечати фудбалската кариера.
На прослава во февруари лани што ја организираше неговиот соиграч Хуан Мартин Лусеро, Бризуела и Тијаго Алмада се обвинети дека силувале 28-годишна жена на забавата, заедно со поранешниот тренер Хуан Хозе Акоста Делбене.
Засега само Делбене е осуден, но случајот не е затворен, па Бризуела стравува од казна затвор ако се докаже дека учествувал во силувањето на жената.
Велес Сарсфилд веднаш по случајот ги суспендира и Бризуела и Алмада, но само по една седмица, на 16 февруари ги врати во составот со објаснување дека имаат цврсти докази дека двајцата фудбалери не ја силувале 28-годишната жена.