2705 Хака – Интер Турку (Прва лига, Финска, 17 часот)
Хака и Интер се израмнети со бодови по 13 натпревари и со 18 бода се кандидати за пласман меѓу шестте екипи што ќе играат плејоф за титулата.
Токму меѓу нив е и границата за последната позиција што води во доигрувањето, па овој меч е исклучително важен.
Интер поради подобра гол-разлика моментно е на шесттото место, пред Хака, но домаќините се фаворити за нијанса според коефициентите.
Интересни се меѓусебните дуели на овие две екипи во последно време и има малку голови, па на девет по ред немаше повеќе од 3 гола.
И сега се очекува тврд меч, па можеби е време и за „нула“.
Предлог тип: Х (3.25)
2516 Гроруд – Мјондален (Втора лига, Норвешка, 18 часот)
Гроруд е единствената екипа во Втората норвешка лига што се уште не победила никого, а мали се шансите тоа да се смени и на меч од 15. коло против Мјондален.
Гостите одлично стартуваа во новата сезона, но на последните шест меча имаат пет порази и едно реми и паднаа на седмото место.
Сега им е шанса против скромниот тим на Гроруд да направат пресврт и да најават нова победничка серија и да останат во игра за настап во плејофот за пласман во Првата лига.
Мјондален го победи Гроруд на единствените два меѓусебни дуели досега и типуваме дека ќе има и хет-трик.
Предлог тип: 2 (2.30)
1602 Сундсвал – Хакен (Прва лига, Шведска, 19 часот)
Сундсвал направи големо изненадување пред две кола со победа против шампионот Малме, па сега ќе се обиде да приреди уште едно против екипа која има шанси со победа пак да биде лидер во Шведска.
Проблем за гостинските екипи кога му гостуваат на Сундсвал на „НП 3“ арена е што се игра на вештачка трева.
Малме падна на испитот, што е предупредување за Хакен, екипа која има подобар состав од Сундсвал, но мора да внимава.
Голем адут на Хакен е што се најдобрата гостинска екипа во оваа сезона во првенството и имаат четири победи и три нерешени, без пораз на досегашните 7 гостувања.
Ќе типуваме дека серијата ќе продолжи и дека Хакен со победа пак ќе биде на врвот на табелата.
Предлог тип: 2 (1.65) Супер тип на Sport Life
2806 Одензе – Нордсјеланд (Прва лига, Данска, 19 часот)
Одензе и Нордсјеланд го играат премиерниот меч во новата сезона и целта е да бидат подобри од ланската во која се бореа за опстанок.
И двете екипи го продолжија прволигашкиот статус, а во подготвителниот период играа слабо и имаа по три порази по ред.
Одензе скромно ја заврши ланската сезона и со тест мечевите што ги играше сега пред стартот на првенството има црна серија од 8 меча без победа.
И Нордсјеланд не е во добра форма, а и двете екипи примаат многу голови, па очекуваме да се тресат мрежите на двете страни, заедно во исто полувреме.
Предлог тип: ГГ прво/второ (1.98)
6717 Италија – Белгија (ЕП за жени, 21 часот)
И двете репрезентации ја очекуваат првата победа на Европското првенство што речиси сигурно ќе им донесе настап во четвртфиналето.
Исланѓанките се аутсајдери на дуелот со Франција и ако загубат, или ремизираат ќе немаат шанса со победникот од дуелот меѓу Италија и Белгија.
Ова значи само едно, дека нема да има калкулации, вечерва од 21 часот во Манчестер.
Во одредена варијанта на Белгија и одговара и реми, бидејќи има подобра гол-разлика од Италија, во случај Исланд да загуби од Франција.
Но, најсигурна варијанта е да се игра на победа и очекуваме возбудлив меч со доста погодоци и голови во двете мрежи во исто полувреме, без разлика дали тоа ќе биде во првиот дел, или во продолжението од мечот.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.08)