2.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Хаким Зијеш го крена Мароко на нозе, првпат ќе заигра во домашниот шампионат

Хаким Зијеш првпат ќе заигра во клупскиот фудбал на Мароко. Репрезентативецот на оваа земја, кој е роден во Холандија, ќе го облече дресот на Видад Казабланка.

Неговиот договор со Ал-Духаил истече, а во последно време не беше повикуван во националниот тим. Со настапите во мароканското првенство, Зијеш има цел повторно да се врати во репрезентацијата и да настапи на Купот на Африканските нации и на Светското првенство.

Во својата кариера тој има играно за Ајакс, Челзи и за Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести