Бекот на Пари Сен Жермен, Мароканецот Ашраф Хакими, донираше крв и им даде пример на своите колеги да го направат истото и да помогнат да се спаси некој живот меѓу повредените во силниот земјотрес кој го погоди Мароко и во кој има над 1.000 загинати.
Освен Хакими и другите марокански репрезентативци даваа крв, искажувајќи солидарност со својот народ во овие тешки моменти.
Тимот на Мароко беше собран на подготовки за мечот со Либерија, но тој меч е одложен.