12.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Хакими двоен стрелец во триумфот на ПСЖ против Брест

Пари Сен Жермен оствари убедлива победа во деветтото коло од француската Лига 1, совладувајќи го Брест на стадионот „Франсуа ле Бле“ со 0-3. Тимот на Луис Енрике ја продолжи својата импресивна серија, бидејќи ПСЖ не знае за пораз на овој терен уште од 1991 година.

Првиот гол за ПСЖ го постигна Ашраф Хакими во 29-тата минута по одлична акција и прецизно додавање од Витиња. Десет минути подоцна, Хакими повторно погоди по асистенција на Кварацхелија и го зголеми водството.


Брест имаше шанса да се врати во натпреварот на почетокот од второто полувреме, кога судијата Жереми Пинар досуди пенал по ВАР проверка за игра со рака на Канг-ин Ли. Меѓутоа, Роман дел Кастиљо не успеа да реализира, испраќајќи ја топката над голот на Лукас Шевалие.

Во завршницата, ПСЖ беше поопасен, особено по влегувањето на Осман Дембеле и младиот Дезире Дуе, кој го постави конечниот резултат во судиското продолжение со убав погодок.


Со овој триумф, Пари Сен Жермен се искачи на врвот на табелата со 20 бодови, додека Брест остана на девет и ја прекина серијата од четири натпревари без пораз.

- Оглас -

Најнови вести