Ѕверскиот старт на Луис Дијас над Ашраф Хакими го остави мароканскиот десен бек без учество на претстојниот Афикански куп на нациите кој ќе се игра во Мароко.
Прегледите на ногата на Хакими покажале дека нема скршеница или скинати лигаменти во глуждот и не мора да биде опериран, тоа е добрата вест. Ќе мора целосно да одмора две недели, ногата ќе му биде имобилизирана во овој период, а потоа ќе следува период на рехабилитација од шест до осум недели.
Лошата вест за Хакими е што на 21 декември почнува АФКОН и тој нема да може да игра за својата репрезентација чиј капитен е тој, освен можеби во најдобар случај во самата завршница во средината на јануари ако Мароко стигне дотаму.

