Мароканскиот десен бек Аштраф Хакими и официјално го продолжи договорот со ПСЖ до 2029 година. Тој во 2021 пристигна во Париз од Интер, а досегашниот договор беше со важност до 2026 година.
Хакими потекнува од академијата на Реал Мадрид, а тренерот на Светците, Луис Енрике, за него вели дека е најдобриот десен бек во светот.
„Вистина е дека од сите фудбалери кои некогаш сум ги запознал, не сум видел подобар десен бек од него, но тој има простор уште да напредува“, вели Луис Енрике.