Мароканскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Ашраф Хакими, не знаеше што го снајде на тренингот на ПСЖ кога се најде во средина и требаше да им ја фати топката на мајстори како Килијан Мбапе, Нејмар, Лионел Меси и Серхио Рамос.
На последниот тренинг на ПСЖ пред вчерашниот спектакл што се играше во Ријад против ѕвездите на најпознатите саудиски тима Ал-Хилал и Ал-Наср, фудбалерите се загреваа со популарна „шева“, а Хакими имаше несреќа да се најде во средина и да се обиде да им ја фати топката на фудбалски магионичари како Мбапе, Меси, Нејмар и Рамос.
Само по неколку секунди, Хакими се исфрустрира од неуспешните обиди да ја фати топката, а четирите ѕвезди на Светците тоа го проследија со насмевки.
This Rondo by Messi,Mbappe,Neymar and Ramos on Hakimi 😂 pic.twitter.com/ZkbvKRefeJ
— Xabi ✪ (@FCB_Lad_) January 19, 2023