Десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими, се прогласи себеси за фаворит за освојување на „Златната топка“ во 2025 година.
Дури девет играчи на ПСЖ меѓу кои и 26-годишниот Мароканец Хакими ќе бидат во трка за престижната награда, а напаѓачот Усман Дембеле се смета за водечки кандидат.
„Нема многу играчи кои можат да кажат дека постигнале голови во четвртфиналето, полуфиналето и финалето на Лигата на шампионите од позиција на дефанзивец. Луѓето мислат дека сум напаѓач или играч од средниот ред, но јас сум еден од четворицата играчи кои се најблиску до својот гол. Морам прво и најважно да размислувам за одбраната. Мојата статистика не е како на дефанзивец. Кога дефанзивец покажува такви бројки, тој ја заслужува наградата повеќе од напаѓач. Мислам дека заслужувам да ја добијам Златната топка“, рече Хакими во интервју за Канал Плус.