Халанд дебитираше за Сити и веднаш даде гол за победа над Баерн, Арсенал го здроби Челзи(Видео)

Манчестер сити минимално со 1:0 го победи Баерн Минхен на меч на кој главна ѕвезда беше Ерлинг Халанд. Голгетерот дебитираше во дресот на Сити и неполни 12 минути му беа потребни за да се израдува и на првиот погодок во новиот тим.

По асистенција на Џек Грилиш, Халанд се најде на вистинското место и не му беше тешко да го затресе голот на Баерн Минхен. На крајот тоа се покажа и како клучен момент за победа на англискиот првак во дуелот со германскиот шампион.

Како дел од американската турнеја играа и Арсенал и Челзи, а на крајот Топчиите славеа убедливо со 4:0. Новата ѕвезда на Арсенал, Габриел Жезус го отвори резултатот во 15 минута, а Мартин Одегард зголеми на 2:0 на полувреме.

Во второто полувреме Топчиите постигнаа уште два погодоци. Бакајо Сака погоди за 3:0 во 66 минута, а Алберт Локонга со гол во последните моменти од мечот ги постави конечните 4:0.

- Оглас -

Најнови вести