Халанд: Баерн ми е најтежок противник, секогаш губам од нив

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар напаѓач на светот во моментов, рече дека Баерн Минхен е неговиот најнезгоден противнички тим, но не верува дека Баварците сезонава ќе ја освојат Лигата на шампионите.

Откако потпиша за Борусија Дортмунд, Халанд редовно ги тресе противичките мрежи, и на Баерн му дава голови, но уште се нема израдувано на победа против германскиот првак.

„Ван Дајк е навистина добар, висок, силен, брз, одлично ја чита играта. Мислам дека немам добиено ниту еден дуел против него. Тој ми беше најтежок личен ривал, а од тимовите, би рекол дека е Баерн, бидејќи никогаш не сум победил против нив. Мислам дека имам играно шест пати против Баерн и секогаш губам“ – вели Халанд.

Но, Халанд не го вбројува Баерн меѓу топ фаворитите во ЛШ.

„Сезонава мои фаворити за трофејот во Лигата на шампионите се Манчестер сити, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид. Мислам дека еден од овие три тима ќе биде европски првак“ – типува Халанд.

- Оглас -

Најнови вести