Ерлинг Халанд, напаѓачот на Борусија Дортмунд, одговараше на прашања на своите следбеници на „Твитер“, а еден од фановите го интересираше што би правел Норвежанецот да не беше фудбалер.
„Рапер или фармер“, одговори Халанд, кој во минатата сезона по јануарскиот трансфер во Борусија, во Бундеслигата на 15 меча даде 13 гола.
Младиот Халанд со еден куп голови на своите први мечеви во Лигата на шампионите се наметна како еден од најдобрите голгетери на светот.
Неговите фанови не се многу изненадени од одговорот бидејќи знаеја за музичките аспирации на Ерлинг затоа што тој има снимено една рап-песна како член на бендот „Флоу кингз“, а и преку летото тој не се срами да мине време на една фарма за компири, на која работи заедно со татко му Алф Инге Халанд.