Халанд даде 21 гол во Премиер лигата, но Пеп му најде мана: Го нема на големите натпревари

Манчестер сити изминатиот викенд загуби во градското дерби против Манчестер јунајтед со 2:1 и на табелата има минус осум во однос на лидерот Арсенал, а менаџерот Пеп Гвардиола му најде мана на својот напаѓач Ерлинг Халанд.

Норвежанецот минатото лето пристигна во Сити од Борусија Дортмунд и досега постигна дури 33 гола во сите натпреварувања, од кои 21 во Премиер лигата, но не се прослави во дерби-пресметките со најголемите ривали Ливерпул, Челзи, Манчестер јунајтед.

Халанд не успеа да се запише во листата на стрелци против овие екипи, а на „Олд Трафорд“ дури беше и невидлив бидејќи за 90 минути имаше само 19 контакти со топката.

„Имаме проблем кога противничките екипи ќе „се збијат“ во сопствениот шеснаесетник бидејќи тогаш Халанд не може да дојде до израз. Мислам дека на натпреварот против Јунајтед имаше и доволно контакти со топката, но не го пронаоѓавме во просторот кој се отвораше. Ќе мора да бидеме подобри“, изјави Гвардиола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести