Халанд даде два гола, а Гвардиола збесна поради еден потег на напаѓачот (Видео)

Ерлинг Халанд покажа дека е подготвен за нови предизвици во новата сезона од Премиер лигата и на првиот меч против Барнли постигна два гола во победата од 3:0. Двата погодоци Халанд ги постигна уште во првото полувреме, а и покрај одличната игра, напаѓачот на полувремето доби жестока лекција од тренерот Пеп Гвардиола.

Само што заврши првиот дел, Гвардиола со викање тргна кон Халанд и почна да му држи „лекција“, а фудбалерот само молчеше и слушаше.

https://twitter.com/i/status/1690090978122592257

По завршување на мечот, двајцата дадоа објаснување за целата ситуација.

„Се обидувам да бидам фокусиран секој ден. Задоволство е да се работи со Гвардиола. Морам да се развивам секој нареден ден, затоа што уште сум млад. Мислам дека не постои подобар тренер од Пеп за да го правам тоа. Инцидентот се случи во последната акција од првиот дел, затоа што малку се налутив на Бернардо бидејќи не ми ја додаде топката. Тоа го налути Пеп и потоа он беше лут на мене“, објасни Халанд.

Шпанскиот стратег вели дека Бернардо направил добар избор при таа акција. „Халанд постојано сака да му ја додаваат топката на него и само на него. секогаш сака да биде проигран во просторот. Ерлинг бараше додавање, но Бернардо направи вистинска одлука. Даде два гола и се надевам дека е среќен“, рече Гвардиола околу целата ситуација на полувремето.

- Оглас -

Најнови вести