Халанд продолжи со голеадата, но славата и победата на Норвешка ја украде мегаталентот кој постигна прекрасен гол (ВИДЕО)

Словенија со 2:1 ја победи Норвешка на „Стожице“ во меч од петтото коло од групата четири во Б Лигата на нации.

Гостите поведоа со голот на кој друг ако не, Ерлинг Халанд во 47-та минута, додека израмнување за Словенците донесе Андраж Шпопрар (69′).

Голема радост за домаќините придеди суперталентот Бенџамин Шешко во 81-та минута, откако даде прерасен гол, откако претходно убаво ја исконтролира топката.

19-годишниот Шешко важи за голем светски талент, а во моментов игра за РБ Салзбург, но од наредното лето ќе се префрли во „сетринскиот“ клуб РБ Лајпциг во далеку посилната германска Бундеслига.

Норвашка останува лидер со 10 бода, додека Србија е второпласирана со седум. Словенија сега има пет, а Шведска е последна со четири бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести