Халанд дава гол на секои 14 допири со топката, а не е задоволен од ваквата статистика

Ерлинг Халанд откако дојде во Манчестер сити, покажува брутална ефикасност, на 8 меча има дадено 13 гола во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Во просек, тој дава гол на секои 49 минути, игра и на секои 1,46 шутеви кон противничкиот гол.

До минатата сезона, кога Сити немаше класичен шпиц, повеќе различни играчи даваа голови, но сега со Норвежанецот ситуацијата се смени. Можеби на некои мечеви Халанд делува „невидливо“, ретко доаѓа во контакт со топката, но кога таа ќе дојде кај него, убиствен е.

Халанд има просек од само 22 допири со топката по меч и 12,8 додавања.

„Луѓето велат дека не играм доволно со топката, но не ми е гајле. Знам која е мојата работа и ќе продолжам да ја работам. Мојот сон е да ја допрам топката петпати и да постигнам пет гола“, изјави Халанд, кој од 19 шута, даде 13 гола.

Ако продолжи во ваков ритам, Халанд ќе постави премиерлигашки рекорд по број на голови во една сезона. Рекордот во англиското првенство е 60 гола на Дикси Дин од Евертон од 1927/28. Речиси 100 погоди подоцна, тој рекорд е во опасност.

- Оглас -

Најнови вести