Халанд доби жолт картон за неспортска прослава на гол, Јуве направи пресврт (Видео)

Зовриена е атмосферата на двата реванш меча од осминафиналето на Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд води со 2-0 и нема да има проблем да се најде во следната фаза, и вториот гол го даде Ерлинг Халанд, овојпат од пенал, и тоа од втор обид, откако првиот кој му го одбрани голманот Боно беше поништен после прегледување на ВАР снимка.

Халанд дојде до својот десетти погодок сезонава во ЛШ, и откако го совлада голманот на Севилја, тргна кон него и му викаше в лице, што од судијата Чакир беше окаректризирано како неспортски однос, па младиот Норвежанец доби жолт картон. Халанд може да добие и ќотек, бидејќи неколку играчи на Севилја тргнаа кон него.

Во Торино, Јувентус со гол на Кјеза изедначи на 1-1, Порто во 54-та минута остана со човек помалку, десет минути подоцна Кјеза даде уште еден гол, па сега Јуве има продолженија в џеб, а за да се пласира понатаму му треба само уште еден погодок.

Ова е голот на Халанд за 2-0:

https://twitter.com/i/status/1369396328934092806

- Оглас -

Најнови вести