Халанд е чудо, постави рекорд во ЛШ кој тешко дека ќе се надмине (Видео)

Севилја и Борусија Дортмунд играат полувреме со четири погодоци, а гостите се тие кои имаат предност. Севилја добро го отвори мечот и поведе само по седум минути игра, кога погоди Сусо. Погодокот на Сусо може да го видите ТУКА.

Рано примениот погодок не ги збуни гостите и предводени од Ерлинг Халанд брзо направија пресврт. Халанд најпрво асистираше на Дахуд, кој упати проектил од 20-тина метри за израмнување 1:1. Овој еврогол може да го видите ТУКА. 

По асистенцијата за првиот гол, Халанд потоа и самиот погоди. Во 27-мата минута најдобриот играч на Борусија повлече напад и на крајот самиот ја заврши акцијата за водство на гостите од 2:1. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Пред крајот на првото полувреме, Халанд погоди и по вторпат за водство на гостите од 3:1. Халанд сега стигна до 18 погодоци само во 13 настапи во Лигата на шампионите, нешто што не му успеало на ниту еден играч претходно.

- Оглас -

Најнови вести