Халанд е деветто најскапо засилување на Манчестер сити – Првиот разочара, а вториот е легенда (ФОТО)

Ерлинг Халанд од наредната сезона и официјално ќе го облече дресот на Манчестер сити. Норвежанецот за околу 60 милиони евра премина од редовите на Борусија Дортмунд, а јасно е дека очекувањата од него се големи.

Сепак, Халанд на „вечната“ листа на најскапи засилувања на овој тим се наоѓа на деветтото место. Напред на листата е Џек Грилиш (117,5 милиони евра), кој во првата сезона по доаѓањето од Астон вила целосно разочара.

Зад него следува клупската легенда Кевин де Бројне, којшто е доведен од Волфсбург за 76,5 милиони евра, додека под број три е Рубен Дијаш со трасфер во вредност од 68 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести