Халанд е импресиониран од Мбапе: Колку е постар од мене? Па тоа е лудо!

Ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси полека се ближи кон крајот, иако Аргентинецот вчера беше прогласен за најдобар фудбалер во 2022 година, а следни играчи за кои фудбалските фанови ќе дискутираат за тоа кој е подобар ќе бидат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Норвежанецот засега избегнува вакви споредби, згора на тоа, во интервју за француската телевизија Канал плус му оддаде почит на Мбапе.

„Французите се среќни што го имаат. Толку е брз, силен и со години игра на врвно ниво. Колку е постар од мене? Две години! Тоа е лудо. А пред него се уште десетина години на врвно ниво“, изјави Халанд.

Интересно е дека кариерите на двајцата фудбалери се доста слични. И Мбапе и Халанд професионалната кариера ја започнаа во сезоната 2015/16, Французинот играше за Монако, а Норвежанецот за Брине.

Мбапе досега постигна 228 гола, додека Халанд има 168 гола.
„Трансфермакт“ смета дека Мбапе вреди 180 милиони евра, а Халанд десет милиони помалку.

- Оглас -

Најнови вести