23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Халанд е неверојатен, му фалат уште три гола за да го собори рекордот во Премиер лигата по број на дадени голови во една сезона

Манчестер сити по само 45 минути игра против Лестер ги реши дилемите околу победникот бидејќи има водство од 3:0, а во главната улога повторно е Ерлинг Халанд.

Неверојатниот Норвежанец постигна два гола, во 13-та и во 25-та минута со што дојде до бројката до 32 гола во Премиер лигата и веќе го израмни најдобриот голгетерски учинок во историјата на Премиер лигата.

Највеќе голови во една сезона во историјата на Премиер лигата, постигнале Енди Кол во сезоната 1993/94 и Алан Ширер во 1994/94. Двајцата напаѓачи постигнаа по 34 гола во една сезона и тој рекорд повеќе од сигурно сезонава ќе биде соборен од Ерлинг Халанд.

 

- Оглас -

Најнови вести