Ерлинг Халанд нема ништо против по завршувањето на сезонава да го напушти Манчестер сити и да се пресели во Реал Мадрид или Барселона, тврди негов пријател кој дала изјава за шпански медиум.
И ПСЖ е заинтересиран за 24-годишниот голгетер, но Норвежанецот преферира да се испроба во шпанското првенство.
Договорот на Халанд со Сити е до летото 2027 година, но ако си замине и менаџерот Пеп Гвардиола, по неговиот пат може да тргне и напаѓачот. Се шпекулира и дека ако Халанд замине, Граѓаните ќе го купат Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон.
Барселона ако се ослободи од Роберт Левандовски, би можела да тргне по потписот на Халанд, во Барса веруваат дека пријателството на претседателот Жоан Лапорта со агентот на Халанд им е плус. Во 2026 година во Барселона има претседателски избори и Лапорта ќе сака со ваква бомба да се зацврсти на чело на клубот.
И Реал Мадрид би сакал да го види Халанд во своите редови и да се формира супер напад во кој би биле Халанд, Мбапе и Винисиус. Реал нема класична деветка сезонава и Халанд добро би им дошол, впрочем како и на секој друг тим во светот.