Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд беше стрелец на првиот гол за Манчестер сити во победата од 2-0 над Наполи, а тоа беше негов 50-ти во Лигата на шампионите.
Со овој гол Халанд сруши уште еден рекорд, кој според бројките, тешко дека некогаш ќе биде срушен. Норвежанецот стана фудбалерот кому му биле потребни најмалку натпревари за да дојде до 50 гола во Лигата на шампионите, а за тоа му беа потребни „само“ 49 натпревари.

